Чешка - над 8 илјади луѓе евакуирани поради поплавите

Прага

Над 8 илјади луѓе се евакуирани, а 6 лица го загубија животот поради поплавите во делови на Чешка, пред се во Устецкиот крај.
Влтава во Прага ја доживеа кулминацијата во 6 часот изутрината и од тогаш нивото за малку е намалено и не се очекува водостојот на реката да расте во текот на денешниот ден, јавува чешкиот Хидро метереолошки завод.
Волонтери поставуваа вреќи со песок за да ја спречат реката Влтава да се прелее и да ги оштети историските централни области на Прага. Поплави има и во делови на Германија, Австрија и Швајцарија, каде што исто така има неколку жртви.