Фич го намали кредитниот рејтинг на Кипар

Меѓународната рејтинг агенција „Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Кипар од Б на Б минус. Според „Фич“, Кипар не може да се справи со дополнителните економски потреси, а покрај тоа постои опасност спасувачкиот план од 23 милијарди евра да не ги даде очекуваните резултати.
Агенцијата наведува дека Кипар може да падне во поголема рецесија од очекуваното, а долгот да биде повисок од 126 проценти од бруто домашниот производ.