Нови американски санкции против Иран

Администрацијата на Барак Обама објави нови американски санкции против Иран, со цел да се засили притисокот врз Исламската република во врска со нејзината нуклеарна програма. Мерките, објавени вчера, се закануваат да ги казнат странските финансиски институции кои се вклучени во купување, поседување или продавање на иранската валута риал.
Извршната наредба, потпишана од претседателот Барак Обама, исто така се обидува да ја поткопа иранската автомобилска индустрија, со воведување санкции за оние што се инволвирани во продажба на производи или услуги за производство на автомобили во Иран.