Мајами Хит се пласира во финалето на НБА

Леброн Џејмс

Кошаркарите на Мајами Хит се пласираа во финалето на НБА лигата, откако во седмиот решавачки натпревар од конференциското финале ја победија Индијана Пејсерс со 99:76. Најдобар поединец на мечот беше Леброн Џејмс со 32 поена.
Во финалето Мајами ќе се сретне со Сан Антонио Спарс, кој беше подобар од Мемфис Гризлис со 4:0. Првиот од седумте натпревари се игра в четврток во Мајами.