Судир меѓу турски сили и курдски бунтовници

Генералштабот на турската армија соопшти дека имало престрелка меѓу турските безбедносни сили и бунтовниците од Курдската работничка партија. Тоа е прв инцидент откако лидерот на курдите Абдулах Оџелан на 21 март ги повика бунтовниците на прекин на огнот и на повлекување од Турција во рамките на процесот за мирно решавање на курдскиот конфликт.