Прва жртва на протестите во Турција

Дваесетгодишно момче загина во такси кое било нападнато од група демонстранти за време на антивладин протест во Истанбул. Тоа е првиот смртен случај од почетокот на протестите во Турција. Во инцидентот се повредени четири други луѓе од кои еден е во тешка состојба. Протестите почнаа пред четири дена против плановите на властите да го реновираат централниот дел од плоштадот Таксим во Истанбул, но по претерано острана интервенција на полицијата се проширија и на други места и станаа најголеми антивладини демонстрации во државата во изминатите неколку години.