Поскапува бензинот

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар, а малопродажната цена на дизелот останува непроменета.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 е 80 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 81,50 денари за литар. Се намалува цената на Мазутот и ќе чини 41,04 денари за килограм.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 102,125 долари за барел и е за 1,18 отсто пониска од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели изнесуваше 47,7 денари за долар што е за 1,16 отсто повисок од курсот по кој беа формирани претходните цени.