Укината вонредната состојба во северен Киргистан

Киргистанскиот претседател Алмазбек Атамбаев ја укина вонредната состојба во северниот дел на земјата, која беше воведена во петокот откако илјадници демонстранти се судрија со полицијата. Демонстрантите бараа од управителите на најголемиот рудник за злато, една канадска компанија, да изградат инфраструктура и да обезбедат здравствена заштита за локалното население. Десетици демонстранти беа уапсени по судирите со полицијата.