Нападот на Бостонскиот маратон не можел да се спречи

Американските пратеници соопштија дека во Русија не нашле докази дека нешто можело да биде направено поинаку за да се спречи бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон. Сепак, Американците велат дека САД и Русија би требало да почнат поблиска соработка во врска со терористичките закани за да се спречат вакви напади во иднина. Нападот во Бостон на 15 април во кој загинаа тројца луѓе го извршија двајца браќа што од Русија емигрирале во САД. Пред нападот, руските власти изразиле загриженост за можна исламистичка радикализација на еден од браќата, Тамерлан Царнаев, кој беше убиен од полицијата.