Пакистанскиот претседател Зардари нема да бара нов мандат

Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари.

Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари изјави дека нема да се кандидира за втор мандат по поразот на неговата Пакистанска народна партија на изборите одржани на 11 мај. Мандатот на Зардари завршува во септември. Пакистанска народна партија освои само 39 пратенички места во 342-члениот парламент, додека Пакистанската муслиманска лига-Н на новоизбраниот премиер Наваз Шариф освои 176 места. Претседателот во Пакистан се бира со гласање во двата дома на парламентот и тешко е веројатно дека ако дојде до гласање, би бил избран. Зардари е вдовец на поранешната премиерка Беназир Буто, која беше убиена во атентат во 2007 година. Тој беше избран за претседател во септември 2008 година.