Горниот дом на египетскиот парламент е незаконски избран

Врховниот уставен суд на Египет пресече дека Горниот дом на Парламентот, Советот Шура, како и уставниот панел што го изработи новиот Устав на земјата се избрани незаконски. Судот одлучи дека Советот Шура мора да се распушти кога ќе се изберат членови на Долниот дом на изборите што треба да се одржат кон крајот на оваа или на почетокот на наредната година. На Советот Шура му беше дадена законодавна власт, откако Долниот дом на парламентот се распушти во јуни минатата година. Нејасно е дали 100-члениот уставен панел формиран од исламистичкиот претседател Мохамед Морси ќе го повлече уставот што беше усвоен на референдум во декември.