Земјотреси на Тајван и на Филипините

Тајван.

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени денеска го погоди Тајван при што загина еден човек, а најмалку 16 беа повредени. Брзите возови не сообраќаат поради последиците од земјотресот. Друг земјотрес со јачина од 5,7 степени, пак, синоќа го погоди јужниот дел на Филипините, каде што има деветмина повредени. Земјотресите се честа појава на Тајван и на Филипините.