Уапсени опозициски активисти во Иран

Умерениот претседателски кандидат Хасан Рохани.

Опозициските интернет портали во Иран објавија дека властите уапсиле неколкумина луѓе кои присуствувале на митинг на умерениот претседателски кандидат Хасан Рохани во Техеран. Меѓу уапсените наводно има и членови на тимот што ја води кампањата на Рохани. За време на митингот, според порталите, Рохани ги критикувал зајакнатите мерки за безбедност во земјата. Неговите поддржувачи извикувале слогани со кои се бара ослободување на политичките затвореници. Рохани, кој е висок свештеник и поранешен нуклеарен преговарач на Иран, е еден од осумтемина кандидати на претседателските избори што треба да се одржат на 14 јуни.