Лондон и Букурешт ги предупредија граѓаните за ситуацијата во Турција

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Судири во Турција

Велика Британија ги предупреди своите граѓани да се воздржат од патување во Турција поради судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Истанбул, во Анкара и во други градови.

„Треба да бидете посебно внимателни за време на патувањето во окрузите во Јужна Турција и во реоните кои се во непосредна близина на границата со Сирија. Има голема веројатност од терористички напади“ се наведува во соопштението на британското Министерство за надворешни работи.

Британските граѓани беа предупредени и да не присуствуваат на протестите, на кои турските власти користат солзавец и водени топови за растерување на демонстрантите.

Министерството за надворешни работи на Романија им порача на своите граѓани кои патуваат во Истанбул да го избегнуваат централниот дел на градот.