Хејгел се надева на подобрување на воените односи со Кина

Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел.

Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел изјави дека се надева на подобрување на воените односи со Кина, но исто така го предупреди Пекинг за сајбернападите. Тој ова го изјави денеска на безбедносна конференција во Сингапур. Хејгел рече дека САД изразиле загриженост поради зголемениот број компјутерски напади, од кои дел, како што рече Хејгел, се поврзани и со кинеската влада и армија. Тој исто така ги уверува азиските земји дека и покрај големите буџетски кратења, Пентагон ќе продолжи да распоредува војска, бродови и авиони во Пацификот. Американскиот претседател Барак Обама на 7 и на 8 јуни во Калифорнија треба да се сретне со неговиот кинески колега Кси Џинпинг. Тоа ќе биде прва нивна средба откако Кси Џинпинг ја презеде претседателската функција во март годинава.