Новиот пакистански парламент положи свечена заклетва

Новиот премиер Наваз Шариф.

Новиот пакистански парламентарен состав денеска положи свечена заклетва. Ова е прв пат во историјата на Пакистан да има демократска промена на власта. Новиот претседател на парламентот ќе биде избран со тајно гласање в понеделник. Новиот премиер Наваз Шариф, чија партија Пакистанска муслиманска лига-Н, победи на изборите што се одржаа овој месец, официјално ќе биде изгласан од Долниот дом и ќе положи свечена заклетва в среда. Неговата партија освои 177 пратенички места во 342-члениот парламент.