Во Либан одложени изборите поради ситуацијата во Сирија

Либанскиот парламент ги одложи јунските парламентарни избори до крајот на 2014 поради зголемените тензии во врска со граѓанската војна во соседна Сирија. Либан е длабоко поделен меѓу противниците и поддржувачите на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Милитанти од либанската шиитска група Хезболах се борат во Сирија заедно со силите на Асад. Во Триполи имаше и судири меѓу либанските приврзаници и противници на сирискиот претседател Башар ал Асад.