Евакуирано Министерството за економија по дојава за поставена бомба

Евакуирана е зградата во која се наоѓа Министерството за економија во Скопје, по добиена дојава за подметната бомба.

Од МВР информираат дека веднаш откако е пријавено во полиција, екипи за антитероризам ги превземаат неопходните мерки и активности. Проверката се уште е во тек.

Имено, попладнево, во редакција на дневниот весник „Дневник“ телефонски се јавила анонимна граѓанка која пријавила дека имало поставено бомба во зградата на Министерството за економија.