ФИФА одобри построги казни за расизам

Членките на Светската фудбалска федерација денеска на конгресот во Маурициус одобрија построги казни за расизам. Според новите одредби, фудбалскиот клуб би можело, доколку прекршокот се повторува, да биде исфрлен во понизок ранг на натпреварување. Исто така членките на ФИФА донесоа одлука фудбалерите или раководители на клубовите кои ќе бидат прогласени за виновни за расни навреди ќе бидат суспендирани пет натпревари.