Црвениот крст ги суспендира активностите во Авганистан

Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти дека ги прекинува сите операции во Авганистан откако беше нападната канцеларијата на Црвениот крст во градот Џалалабад. Портпарол на Црвениот крст не прецизира колку време ќе трае суспензијата на активностите на оваа организација во Авганистан. Според агенциите, ова е прв напад врз канцеларии на Црвен крст во Авганистан од 1987-ма година.