Без наплата на роаминг во земјите членки на ЕУ

Нили Крос

Вице претседателот на Европската Комисија, Нили Крос, денеска во Европскиот парламент изјави дека мобилните оператори треба да прекинат со наплата на роамингот за користење интернет на корисниците кои патуваат во земјите членки на Европската Унија. Крос оцени дека со оваа мерка ќе бид потврден заедничкиот европски пазар и ќе значи голема заштеда за граѓаните и за компаниите. Во рамките на Европската Унија, е укинат роамингот за телефонските разговори, но мобилните оператори сеуште наплаќаат за користењето на интернетот на телефоните и таблетите.