Убиен вториот човек на пакистанските талибанци, избран нов

Пакистанските талибанци денеска потврдија дека вториот човек во хиерархијата на таа организација, Вали Ур Рехман Месуд, бил убиен вчера при нападот на американско беспилотно летало во северо-западниот дел на земјата. Пакистанските талибанци веќе избрале кој ќе го замени. Според Радио Слободна Европа, Радио Машал, станува збор за Кан Саед, кој бил инволвиран во борбите во Авганистан со декади.