Утре ќе биде отворен "Стариот театар"

Со изведба на фрагменти од претставата „Вечната куќа” по текст на Јордан Плевнеш, утре свечено ќе биде отворена новaта зграда на објектот „Стар театар“ во Скопје.
Ќе биде промовиран и Музејот на МНТ, кој претставува прва театарска музејска збирка формирана и презентирана во Македонија.
На отворањето на новата театарска зграда ќе се обрати министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Новиот театар, кој е лоциран на левиот брег од реката Вардар, е изграден врз темелите на стариот театар кој се урна во земјотресот во 1963 година. Позициониран е на вкупна површина од 7.200 метри квадратни, а аудиториумот на објектот е поделен на голема сала со партер и две галерии со вкупно 724 седишта, како и мала сала со 213 седишта.