Вашингтон разочаран од откажувањето на Самитот на процесот на ЈИЕ

Во реакција по откажувањето на Самитот на Процесот за соработка во ЈИЕ, Американскиот Стејт департмент соопшти дека е разочаран што е пропуштена оваа можност за дискусии за регионалните предизвици по силните напори вложени од страна на македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
"Македонскиот претседател Иванов и неговиот кабинет работеа многу напорно да организираат позитивен и продуктивен самит и за жалење е што лидерите од регионот ќе ја пропуштат оваа можност да дискутираат за предизвиците со кои сите тие се соочени. Идеалите за соработка и дијалог се критички важни за безбедноста, стабилноста и просперитетот на секоја држава и на Балканот во целина", изјавиле за МИА претставници на Стејт департментот.