Лари Кинг на Russia Today

Лари Кинг

Еден од најпознатите светски телевизиски водители Лари Кинг кој во 2010 година се повлече по 56 годишна работа, главно на Си Ен Ен и над 50 илјади интервјуа, ќе ја продолжи кариерата на сателитскиот канал Русија денес. Овој ТВ канал што е финансиран од руската влада емитува на англиски јазик, а емисијата на Кинг ќе биде снимана во Вашингтон и во Лос Анџелес.