Меркел: Германија нема да испраќа оружје во Сирија

Германскиот канцелар Ангела Меркел

Германскиот канцелар Ангела Меркел на денешната прес конференција во Берлин изјави дека Германија под никакви околности нема да испраќа оружје во Сирија „Таа земја е во граѓанска војна и не не интересира како другите ќе се справуваат со ембаргото за оружје„, рече Меркел, додавајќи дека Германија ќе стори се за постигнување политичко решение, бидејќи како што рече, тоа е единственото реално решение за Сирија.