Нападот врз францускиот војник бил религиозно мотивиран

Според француските власти, конвертиран муслиман е напаѓачот со нож на војникот во близина на Париз и веројатно тоа го направил од радикални верски побуди. Обвинител Франсоа Mолин изјави дека осомничениот, уапсен и идентификуван како Александар, го признал нападот.
Војникот Седрик Кориде беше прободен со нож во вратот додека патролирал во саботата. Неколку дена пред тоа еден британски војник беше измасакриран до смрт на улица во Лондон. Засега нема потврда за поврзаност меѓу овие напади.