Во Собранието закон за бременоста - пред Собранието протести

Собранието на Република Македонија денеска по скратена постапка треба да се произнесе по владиниот предлог-закон со кој се предвидува прекин на бременоста да може да се изврши само еднаш годишно, освен во случаи кога врз основа на медицински индикации ќе се утврди дека бременоста претставува опасност за животот или ќе доведе до тешко нарушување на здравјето на жената за време на бременоста, породувањето или по породувањето.
Во предлогот се предвидува дека ако жената сака да ја прекине бременоста по 10-тата недела, ќе мора да има одобрение и од првостепена комисија за прекинување на бременоста. Неколку граѓански организации за денеска пред Собранието организраат протест под мотото „Не за предлог-законот за прекин на бременоста“.