Напад со беспилотно летало во Северен Вазиристан

Архива

Најмалку 6 лица загинаа при напад со американско беспилотно летало врз милитанти во Пакистан во близина на границата со Авганистан.
Како што се јавува, ова е прв напад со беспилотно летало по изборите на 11 Мај. Според анонимни извори, две ракети биле истрелани врз куќа во Миран Шах, главно место во областа Северен Вазиристан.
За пакистанските власти овие напади преставуваа кршење на суверенитетот додека за САД тие се ефективен начин за справување со исламските милитанти.