Франција - прва жртва на новиот вирус на Сарс

Вирусот - познат како nCoV

Француската министерка за здравство Марисол Турен изјави дека во Франција почина во болница првиот човек заболен од новиот вирус на САРС.
Станува збор за 65 годишнен маж кој најверојатно го добил вирусот во Дубаи.
Тој беше примена во болница во Лил на 23 април, откако се врати од Дубаи со стомачни тегоби и проблеми со дишењето.
Во светот досега 23 лица починаа од вирусот - познат како nCoV.
Има малку докази дека се пренесува од човек на човек. Вирусот го има во земјите на Персискиот Залив, Франција, Велика Британија и Германија.