ВМРО ДПМНЕ против Жерновски за „спорната“ парцела

ВМРО-ДПМНЕ смета дека обвинувањата на градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски за спорна продажба на градежна парцела во општината се, како што наведуваат, обид да ја прикрие својата неспособност и фактот што ништо не сработил од стапување на функцијата.
Целата постапка за продажба на земјиштето е отворена, јавна и транспарентна и е во согласност со законите и на неа може да учествуваат сите заинтересирани субјекти, се вели во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ.
Жерновски пак, изјави дека власта брза со огласот за продажба на земјиштето, наменето за изградба на објект со приземје и три ката, поради најавената ревизија на Деталниот урбанистички план.