Филе ќе присуствува на состанокот на ПСЈИЕ во петок Охрид

Евро комесарот за проширување Штефан Филе во петок во Охрид ќе присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи од Процесот на соработка на земјите од Југоисточна Европа,
Како што изјави портпаролот Петер Стано, Филе од присутните шефови на дипломатиите ќе побара соработка во евро интегративните процеси на Балканот. Тој потоа ќе замине и нема да присуствува на Охридскиот Самит на земјите од ПСЈИЕ.