Во Скопје од експлозија оштетени два автомобила

Министерството за внатрешни работи соопшти дека еден час по полноќ, на улицата „Вамбел“ во скопската населба Автокоманда непознато лице предизвикало експлозија. Во експлозијата немало повредени, но биле оштетени два автомобила. Од полиција наведуваат дека експлозијата најверојатно била предизвикана од рачна бомба. Истрагата е во тек.