САД за подлабока соработка со Кина

Том Донилон

Соединетите држави се за подлабока соработка со Кина што треба да придонесе за поголема заедничка доверба и разбирање. Ова го изјави американскиот советник за национална безбедност Том Донилон на разговорите во Пекинг со високиот кинески воен раководител Фен Ченглонг. Тој додаде дека двете земји треба повеќе да соработуваат во мировните мисии, антипиратските операции и хуманитарните акции. Донилон во Пекинг ја подготвува јунската средба меѓу претседателите на двете земји Барак Обама и Си Џинпинг.