Во Охрид завршува собирот на претседатели на парламентите од ЈИЕ

Во Охрид завршува конференцијата на претседателите на парламентите на Југоисточна Европа, со усвојување завршна декларација и други документи. Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски вчера имаше средба со потпретседателот на Европскиот парламент, Ласло Сурјан на која тој истакна дека Македонија е заинтересирана и понатаму да се придонесува во процесот на евроинтеграција. Тој нагласи дека високо е ценет ангажманот на известителот за Република Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит, кој помага во европските аспирации на нашата држава.
На конференцијата присуствуваат претставници на парламентите на Бугарија, Романија, Србија, Турција, Словенија и Босна и Херцеговина.