Во Ирак над 70 убиени во бомбашките напади во шиитските населби

Над 70 луѓе се убиени во серијата експлозии на бомби во населби населени претежно со шиити во Багдад.Над 12 експлозии одекнаа во понеделникот во ирачкиот главен град Багдад.Ниту една група засега не ја презеде одговорноста за насилствата но се смета дека суни мулсиманите и припадници на Ал каеда кои се поврзани со милитантите ги организирале нападите.Над 1 000 луѓе беа убиени во експлозии во изминатите два месеци исто така во областите во кои живеат шиити како и суни муслиманите во Ирак. Ова се смета како најголем бран на насилства откако трупите на САД почнаа да се повлекуваат од Ирак во декември 2011.