Пакистан- во експлозија на бомба загинаа пет полицајци

Бомба поставена покрај патот експлодираше во близина на полициска патрола во северозападен Пакистан убивајќи пет полициски офицери.Локалната полиција соопшти дека нападот во понеделникот се случил за време на рутинска патрола во планинска област која се наоѓа околу 230 километри од Пешавар.Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот но пакистанските талибански милитанти често ги напаѓаат безбедносните сили во северозападниот дел.