Во Приштина протести против апсењето на екс команданти на ОВК

Неколку илјади луѓе денеска протестираат против апсењето на поранешните команданти на Ослободителната војска на Косово. Протестот е организиран од ветераните на поранешната ОВК поради апсење на поранешни команданти од „групата од Дреница“, меѓу кои и двајца влијателни лидери на групата, Сами Љуштаку и Сулејман Селими. Седуммина членови на „групата од Дреница“ се осомничени за воени злосторства и се наоѓаат во домашен притвор.