Заложби за продлабочена воена соработка меѓу Македонија и Турција

началникот на Генералштабот на вооружените сили на Турција, генерал Неџет Озел

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска го прими началникот на Генералштабот на вооружените сили на Турција, генерал Неџет Озел, кој ја предводи турската воена делегација во официјална посета на Македонија. Генерал Озел разговараше и со началникот на ГШ на АРМ генерал мајор Горанчо Котески. На средбите, како што е соопштено, били искажани заложбите за натамошно проширување на билатерална соработка.