Ештон го поздрави усвојувањето на планот во Белград и Приштина

Високата претставничка на Европската унија Кетрин Ештон денеска ги поздрави одлуките на Белград и на Приштина да го усвојат планот за спроведување на бриселската спогодба. „Планот е направен за да ги решава проблемите на теренот и да обезбеди брз напредок на Србија и Косово кон Унијата“, се наведува во изјавата на Ештон која уште еднаш го пофали личното ангажирање на двајцата премиери Ивица Дачиќ и Хашим Тачи.