Српската Влада го одобри планот за нормализирање на односите со Косово

Српската Влада го одобри планот за спроведување на договорот за нормализирање на односите со Косово, јави ДПА.
Планот содржи активности и крајни рокови предвидени со договорот, постигнат со посредство на Европската унија.
Со планот се подготвува терен за создавање на поблиски врски на Србија и Косово со ЕУ. Србија се надева на добивање датум за почеток на преговорите за членство на Самитот на лидерите на земјите од ЕУ, што ќе се одржи кон крајот на јуни