Турменистан влезе во Гинисовата книга на рекорди

Главниот град во Туркменистан Ашгабат влезе во Гинисовата книга на рекорди затоа што и официјално е утврдено дека е град со најмногу мермерни згради во светот. Ашгабат, некогашната црна дупка на постсоветскиот Туркменистан сега е град со стотина државни и станбени згради во бел мермер.
Главниот и одговорен уредник на Гинисовата книга на рекорди Крег Глендеј изјави дека со прогласувањето на Ашгабат за град со најголема концетрација на згради во бел мермер, напорите на туркменистанската влада да се измени архитектонскиот лик на градот е постигнато на спектакуларно ниво.