Од 15 септември, болниците ќе мораат да ги снимаат хируршките интервенции и да ги архивираат снимките, согласно со правилата што ги подготви Министерството за здравство. Снимањето на сите операции е предвидено со Законот за медицински студии. Mинистерот за здравство Никола Тодоров на прес конференција изјави дека дел од клиниките ќе треба да набават „ситна“ опрема потреба за да се снима само еден помал дел од отворената хирургија кога се работи за нови, невообичаени случаи и методи. Тој додаде дека снимањето на хируршките зафати ќе обезбеди и докази во случаи кога има гласови дека е направена лекарска грешка.
За снимање на интервенциите од отворената хирургија, болниците ќе треба да набават и камера, што хирургот ќе ја носи на глава или ќе се прикачува на рефлекторот над масата за операција.
Предвидени се казни и за директорот на установата кој нема да овозможи снимање на интервенциите и за здравствениот работник кој не сака да сними операција. Кривично дело ќе се смета и злоупотреба на снимениот материјал, до кој пристап ќе имаат само надлежните органи.