Јанукович на неформална средба со Путин во Сочи

Украинскиот претседател Виктор Јанукович денеска во Сочи се сретна на неформални разговори со рускиот претседател Владимир Путин. Јанукович и Путин разговараат за подобрување на билатералните односи во рамките на Заедницата на независни држави, јавуваат локалните медиуми.
Јанукович по средбата со пофални збориви за сработеното околу подготовките за Зимските Олимписки игри во Сочи, а Путин истакна дека „ работи практично секој ден на тој проект“.
Двајцата лидери ќе присуствуваат на Евроазискиот економски форум во Астана Казахстан.