Иванишвили повика на почитување на човекови права

Гризискиот премиер Бидзина Иванишвили изјави дека почитувањето на демокартијата, човековите права, ЕУ и НАТО како и „де-окупацијата“ на отцепените региони Абхазија и Јужна Осетија се есенцијални елементи на независноста на Грузија. Иванишвили ова го изјави при неговото телевизиско обраќање по повод одбележувањето на денот на независноста на Грузија. Тој додаде дека Грузија мора да стане стабилна и економски оддржлива со цел да ги освои умот и срцата на граѓаните во отцепените региони.
Во врска со насилниот напад на 17 мај при парадата за правата на ЛГБТ заедницата Иванишвили изјави дека во Грузија никој нема да биде казнет поради тоа што е различен или неговото слободно мислење и говор.