Експлозија во Бејрут, 4 луѓе ранети

Четири лица се повредени при експлозија на две ракети во јужно предградие на либанската престолнина Бејрут, упориштето на шиитското движење Хезболах, јавуваат новинските агенции.
Сѐ уште не е утврдено од кој правец се истрелани ракетите, но се претпоставува дека инцидентот е поврзан со воениот судир во Сирија. Вчера лидерот на шиитското движење Хезболах шеикот Хасан Насрали јавно потврди дека борци од Хезболах учествуват во борбите во Сирија и дека доколку падне режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, за Блискиот Исток ќе следува „мрачен период.“