Силен земјотрес го погоди Узбекистан

Земјотрес со интезитет од 6 степени по Рихтеровата скала е регистриран во источниот дел на Узбекистан , соопшти американската геолошка институција. Епицентарот е во близина на градот Булингур. За сега нема информации за евентуални жртви и материјалната штета.