Саудиска Арабија: Иран да не им се заканува на соседите

Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија принц Сауд ал-Фејсал предупреди на опасноста од иранската нуклеарна програма. Тој изјави дека Иран не треба да им се заканува на своите соседи затоа што заливските земји немаат лоши намери кон Исламската република.
Тој по средбата со неговиот индиски колега во Џида одговарајќи на новинарско прашање за Сирија истакна дека Башар Ал Асад и претставниците на сегашниот режим не би требалио да има каква било улога во иднината на таа земја.