Интерпол ја одби Русија за потрага по милионерот Броудер

Меѓународната полициска агенција Интерпол го отфрли руското барање за да се заведе британскиот милионер Вилијам Броудер во меѓународната листа за потрага.
Тој е обвинет за даночно затајување и нелегално стекнување на акции од рускиот Гаспром во вредност од 70 милиони долари. Броудер неодамна изјави дека обвинувањата против него се политички мотивирани.
Интерпол соопшти дека случајот е претежно од политичка природа и затоа агенцијата не сака да биде инволвирна.
Неговиот адвокат Сергеј Магнитски почина во 2009 тата година во руски затвор откако беше приведен поради обвинение за проневера.