Немирите во Шведска не стивнуваат

Немирите во Шведска речиси една недела не стигнуваат. Освен во Стокхолм, синоќа биле запалени неколку автомобили и во градот Оребро. Во повеќе населби во шведскиот главен град Стокхолм и во минатата ноќ повторно беа запалени автомобили. Степенот на насилството меѓутоа попуштил во споредба со минатите ноќи соопшти полицијата.
Причината за немирите е шведската имигрантска политика која отвори дебата во земјата дали има потреба од промени во политиката затоа што 15 проценти од населението го сочинуваат имигранти.